Home Соопштенија КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ 40 (ЧЕТИРИЕСЕТ) СТИПЕНДИИ ОД ФОНДАЦИЈАТА „АТАНАС БЛИЗНАКОФ“ ПРИ УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ

КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ 40 (ЧЕТИРИЕСЕТ) СТИПЕНДИИ ОД ФОНДАЦИЈАТА „АТАНАС БЛИЗНАКОФ“ ПРИ УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ

65 views

Фондацијата „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје доделува 40 (четириесет) стипендии на студенти запишани на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во учебната 2021/2021 година.

  1. Право да конкурираат имаат ученици/апликанти кои:
  • Се запишуваат во прва година на студии (прв циклус на академски студии) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје;
  • Завршиле средно образование со постигнат успех на Државна матура од најмалку 4.0;
  • Не се корисници на стипендии од други институции, организации и фирми;
  • Чиј вкупен бруто приход на семејството (родители-старатели и кандидатот) за 2020 година по сите основи не надминува 550.000 денари;
  • Се државјани на Република Северна Македонија.

Висината на стипендијата изнесува 120.000,00 (сто и дваесет илјади) денари годишно и се исплатува 10 месеци во студиската година почнувајќи од октомври и заклучно до јули.

2. Потребни документи (види детално во Инструкции за аплицирање):

  • Уверение за државјанство на Република Северна Македонија издадено од Министерството за внатрешни работи;
  • Уверение/потврда од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по разни основи за претходната година за двајцата родители – старатели на кандидатот, поединечно и за самиот кандидат;
  • Документ за положена државна матура (по исклучок, Диплома за завршено средно образование само за учениците кои го завршиле средното образование во учебната 2019/2020);
  • Есеј (најмногу 500 збора);
  • Препорака од наставник, директор и друго лице вклучено во претходното образование на кандидатот;
  • Дипломи и потврди за освоени награди на меѓународни, државни, регионални и општински натпревари (освоени во последните три години).

3. При аплицирање, кандидатот потврдува дека:

  • не е корисник на друга стипендија;
  • доставените документи и податоци се вистинити;
  • се согласува на обработка и користење на сопствените лични податоци и податоците од неговото потесно семејство за цели на стипендијата.

4. Рангирањето на кандидатите се врши врз основа на три групи на критериуми. Максималниот број на освоени бодови е 100, од кои:

  • За материјална состојба на кандидатот се добиваат најмногу 45 бодови;
  • За успех остварен во претходното (средно) образование кандидатот добива најмногу 30 бодови;
  • Достигнувања и мотивација за личен и професионален развој се добиваат најмногу 25 бодови.

5. Апликацијата се пополнува електронски, на следниот линк:

https://e-scholarship.macedonia2025.com/#/home

Процесот на апликација, административна проверка и селекција на кандидатите е во надлежност на Фондацијата „Атанас Близнакоф“ и невладината организација Македонија 2025.

Краен рок за аплицирање на конкурсот е 15 (петнаести) септември 2021 година (23:59).

Фондацијата „Атанас Близнакоф“ го задржува правото да ги повика кандидатите на дополнително интервју пред да се донесе финалната одлука и избор.

  1. Секој кандидат ќе биде известен за извршениот избор и одлука за доделување на стипендии најдоцна до 4ти (четврти) октомври 2021 година по електронски пат. Списокот со избрани кандидати ќе биде објавен на интернет страницата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Македонија2025.

Сите добитници на стипендија се должни во рок од 15 дена по добиеното известување за корисник на стипендија да потпишат Договор за стипендија, кое се спроведува свечено во седиштето на Фондацијата. Сите кандидати кои нема да го почитувата овој рок ќе се смета дека се откажуваат од стипендијата.

  1. Добитниците на стипендиите се должни да достават оригинал или заверени копии од доставените документи при потпишување на договорот за користење на стипендијата.

Правото на користење на стипендија започнува откако кандидатот ќе достави потврда дека е запишан во прва година на прв циклус на академски студии како редовен студент на некој од факултетите при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Правото на користење на стипендијата трае додека се исполнуваат условите за редовно напредување во студиите и успех, заклучно со завршувањето на студиите од првиот циклус.

Правата и обврските на добитниците на стипендијата ќе се утврдат со Договор кој го склучуваат студентот/студентката и Фондацијата „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Стипендијата ќе се продолжува секој семестар под услов, начин и постапка утврдени во Договорот за доделување на стипендијата.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво