Home Вести ЗАПОЧНАА РАБОТНИТЕ АКТИВНОСТИ ЗА ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА СПОРТСКАТА САЛА „БОРО ЧУРЛЕВСКИ“ ЗА ЕВРОПСКИ НАТПРЕВАРИ И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПАРКИНГ ПРОСТОРОТ КАЈ САЛАТА

ЗАПОЧНАА РАБОТНИТЕ АКТИВНОСТИ ЗА ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА СПОРТСКАТА САЛА „БОРО ЧУРЛЕВСКИ“ ЗА ЕВРОПСКИ НАТПРЕВАРИ И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПАРКИНГ ПРОСТОРОТ КАЈ САЛАТА

55 views

Согласно Програмата за развојни планови, спроведената постапка за јавна набавка и склучениот договор, општина Битола, започна со работните активности за комплетна реконструкција на паркинг просторот кај спортската сала „Боро Чурлевски“. Проектот вклучува фаза реконструкција на атмосферска канализација, коловоз и електротехника, односно соодветно осветлување на просторот. За овој проект, општина Битола, издвои 18.301.800 денари.

Паралелно со отпочнувањето на работите на паркинг просторот започнаа и работните активности, во спортската сала, со цел нејзино прилагодување, согласно европските стандарди за ракометни натпревари со европски екипи на домашен терен во следното издание на Лигата на шампиони кое започнува оваа есен.

Работните активности во објектот на Спортската сала ги реализира Општина Битола во соработка со јавните претпријатија и приватните фирми, согласно склучените договори, а со активна вклученост на приватниот партнер кој е дел од РК Еурофарм Пелистер.

Општина Битола

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво