На 17. Mатематичка олимпијада за студенти од Југоисточна Европа со меѓународно учество (SEEMOUS 2023), во организација на Сојузот на математичари на Македонија (СММ), Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Математичкото друштво на Југоисточна Европа (MASSEE), која се одржа од 7 до 12 март во Струга, Македонија, македонскиот тим освои еден сребрен и еден бронзен медал.
Македонија успешно ја претставија и студентите Христина Митревска, Дамјан Георгиевски и Ангела Јакимовска, студенти во прва година на Институтот за математика при ПМФ, УКИМ, Скопје. Водач на екипата беше Илија Јовчески, а заменик-водач Никола Велов.
Фото: Сојуз на математичари