Наградата „Григор Прличев“ за најдобро поетско дело за 2022 година му беше врачена на поетот Зоран Анчевски вчера на свеченост во Центарот за култура во Охрид. Неговата поема „Коњски житија“ беше избрана за најдобра на конкурсот за најдобро авторско поетско дело што секоја година се доделува во чест на славниот преродбеник. Мотивацијата за неговото творечко дело произлегла спонтано, од неговата љубов кон коњите. Токму таа љубов го инспирирала да креира дело во интересна форма, во која коњите говорат за човештвото и цивилизацијата.
Повеќе можете да прочитате ТУКА