Home Иселенички СтраниЕвропа МКД „Св.Кирил и Методиј“ Трентино – Италија порачуваат:Традицијата не згаснува, само продолжува

МКД „Св.Кирил и Методиј“ Трентино – Италија порачуваат:Традицијата не згаснува, само продолжува

55 views

Оваа година ја завршуваме со многу успешни проекти во последниот квартал од лето Господово 2022, сепак ќе ги издвојам: успешното претставување на македонските народни обичаи и идентитет на Интернационалниот мултикултурен фестивал во Рива дел Гарда, кој годинава на 3 септември се одржа по 7ми пат,земји учеснички беа од: Италија, Македонија, Украина, Бугарија, Ирска, Србија,Романија, Колумбија, Албанија, Бразил. За време на овој настан, како и во текот на раскошните дефилиња кои се оддржаа низ улиците на стариот град,МКД СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ ТРЕНТИНО блесна во полн сјај презентирајќи дел од богатиот репертоар на игри и песни од различни краишта на Македонија. Посетителите имаа можност да уживаат во македонскиот народен мелос и учесниците ги наградија со бројни овации, вели претседателот на друштвото Венко Трпески и додава:

 -Ова беше еден голем настан, уште една прилика и место каде се отсликува македонската традиција, култура, јазик и фолклор, својствени за Македонците каде и да се во светот. Традицијата не згаснува, само продолжува. Македонија е непресушна ризница од која наследивме многу и имаме што да прикажеме во светот.Традицијата, треба да ја негуваме, за да еден ден не чуеме дека Македонско девојче на Јонче Христовски е позајмена бугарска песна. Да се почитуваме себеси, за и другите да не почитуваат!

 

На 19 ноември организиравме неверојатна македонска забава заедно со единствената Ирена Спасовска & Еуфорија Бенд кои ни приредија луда и незаборавна забава до раните утрински часови .

zabava

На 22 ноември 2022 година, директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски, во придружба на претставници од Агенцијата за иселеништво и Генералниот Конзул во Венеција, Стојан Витанов, остварија средби со раководството и членството на Македонското културно друштво Св.Кирил и Методиј“ Трентино.

sobir

Согласно агендата подготвена од претседателот на друштвото Венко Трпески, директорот Близнаковски и Конзулот Витанов ја посетија Градската библиотека во Тионе каде неодамна се отвори „Македоско катче“ во соработка со библиотеката „Григор Прличев“ од Охрид и притоа најзалужен за тое е м-р Милчо Јованоски .

vo biblioteka

Директорката на библиотеката, Радоани Тереза, ја истакна важноста на постоење на Македонско катче во библиотеката во Тионе бидејќи македонската заедница во овој дел е многубројна и убаво е да имаат свој дел каде ќе можат да го чуваат јазикот и културата. Од голема важност е и „Детското катче“ каде покрај литературата на македонски јазик ќе можат да користат и литература на италјански јазик и преку игра и работилници ќе се запознаат со историјата на Италија како нивна втора татковина.

nagradeni it

За заедно сите да ја почувствуваме празничната радост на големиот Христијански празник на Христовото раѓање Божиќ во сабота 7 јануари 2023 година со почеток од 09:00 часот во Саоне (ТН) за сите верници ќе се одржи Света Божиќна литургија  со која ќе чиноначалствува Отец Орце.Нашето друштво е пример за патриотизам, сплотеност, достоинство,љубов и почит кон македонската православна вера.
На сите наши членови,пријатели,симпатизери им посакуваме широки насмевки,топли прегратки,искрени надежи,среќни погледи,големи радости ……..
секој ден во 2023та !!!

Со Љубов и Почит,
Вашиот тим од МКД Св. Кирил и Методиј Трентино !

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво