Home Култура Папалини (гирици) во рерна

Папалини (гирици) во рерна

154 views

Потребно:

500 гр замрзнати рипчиња
4 супени лажици маслиново масло
2 лажици палента
1 полна лажичка сол
половина лажичка лук во прав

Забелешка:
Пред подготовка, одмрзнете ги рипчињата и оставете ги да се исцедат. Исушете со хартија.

Во длабок сад ставете ги гириците и попрскајте ги со маслиново масло. Веднаш додадете ја палентата, солот и лукот. Сè добро измешајте со рацете. Потребно е рибата да се премачка со зачини од сите страни. Наредете ги на плех обложен со хартија за печење и печете на 180 степени околу 20 минути, додека не поруменат. Испечените гирици посипете ги со сок од лимон (по желба) и послужете ги со компири и блитва.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво