Home Активности на Агенцијата за иселеништво Средба на Директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски, со Епископот Антаниски, Г. Партениј, Игумен Бигорски

Средба на Директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски, со Епископот Антаниски, Г. Партениј, Игумен Бигорски

by trinitymedia
100 views

На 3 октомври 2023 година во просториите на манастирот Св. Јован Бигорски, директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски, оствари средба со Епископ Антаниски, г. Партениј, Игумен Бигорски.

Директорот Близнаковски накратко го информира Неговото Преосвештенство г. Партениј за надлежностите на Агенцијата за иселеништво, посебно за програмите преку кои се дава поддршка на иселениците за чување и негување на македонската култура, јазик и традиција, посебно насочувајќи се кон најмладата генерација на иселеници, преку училиштата во иселеништво и летните кампови за фолклор, јазик и спорт кои целосно се подржани од Агенцијата за иселеништво.

Директорот Близнаковски ја истакна и соработката на Агенцијата за иселеништво со црковните општини од иселеничките епархии, преку поддршка на верските манифестации при чествување на патронати, слави, јубилеи, изборни собранија и друго.

Народот во иселеништво главно гравитира околу црковните општини каде истите не претставуваат само духовен дом за задоволување на верските потреби и обреди, туку и културни и социјални центри каде народот си дава поддршка, говори и твори на мајчин јазик и го чува и негува македонскиот идентитет надвор од дома. За таа цел неминовна е соработката на Агенцијата за иселеништво со свештениците, раководствата и парохјаните на црковните општини секаде каде се организирани и формирани.

Неговото Преосвештенство г. Партениј ја поздрави работата на Агенцијата за иселеништво и соработката која Агенцијата ја има со иселеничките организации.

Директорот Близнаковки упати благодарност за срдечниот прием од страна на Неговото Преосвештенство во просториите на манастирот.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво