Notice: Function _load_textdomain_just_in_time was called incorrectly. Translation loading for the soledad domain was triggered too early. This is usually an indicator for some code in the plugin or theme running too early. Translations should be loaded at the init action or later. Please see Debugging in WordPress for more information. (This message was added in version 6.7.0.) in /home/rapid/minisel.rapid.si/wp-includes/functions.php on line 6121
Средба на директорот Слободан Близнаковски со г-дин Љубе Бошковски, ангажиран соработник од Владата на Република Северна Македонија во делот за странски инвестиции – Агенција за иселеништво
Home Активности на Агенцијата за иселеништво Средба на директорот Слободан Близнаковски со г-дин Љубе Бошковски, ангажиран соработник од Владата на Република Северна Македонија во делот за странски инвестиции

Средба на директорот Слободан Близнаковски со г-дин Љубе Бошковски, ангажиран соработник од Владата на Република Северна Македонија во делот за странски инвестиции

by trinitymedia
146 views

Во просториите на Агенцијата за иселеништво на 3 октомври 2023 година, директорот на Агенцијата, Слободан Близнаковски, оствари работна средба со г-дин Љубе Бошковски, ангажиран соработник од Владата на Република Северна Македонија во делот за странски инвестиции.

На средбата директорот Близнаковски информира за проектните активности и Годишната програма на Агенцијата за иселеништво, во рамки на надлежностите за помагање на културниот развој на иселениците, правата и положбата, реинтеграцијата и инвестирањето во Република Северна Македонија.

Посебно за овој дел, Агенцијата за иселеништво во улога на сервис центар, ги информира иселениците за правни и економски процедури и тоа: информации за стекнување со македонско државјанство, како до издавање на лични документи, постапки при инвестии, законски олеснувања и улогата на општините во сите процедури на реинтеграцијата и инвестирањето во матичната општина од страна на иселеник.

Сите овие информации Агенцијата ги има систематизирано во печатени прирачници со правен и економски карактер, како водичи, кои ги печати и дистрибуира до иселениците на годишно ниво и истите се објавени на веб страната на Агенцијата, подготвени за бесплатно симнување и печатење.

Со цел информирање на иселениците преку воспоставена системска мрежа со општините, директорот Близнаковски оствари средби со поголем број од градоначалниците на повеќе општини во државата за потенцијалните ресурси и стопански капацитети, како и можностите за инвестирање во секоја општина поединечно.

Г-дин Бошковски ја поздрави заложбата на Агенцијата за иселеништво за информирањето на иселениците за потребните постапки и процедури при процесот на инвестирање и истакна дека соработката со Агенцијата во иднина во тоа поле ќе биде од големо значење при мотивирањето и поддршката на иселениците да инвестираат во својата матична држава, или да пренесат дел од своите бизниси во Република Северна Македонија.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво