Home Култура Говорете македонски 08

Говорете македонски 08

by trinitymedia
59 views

Станува збор за наука, со детали за кои мора да води рачун.

Станува збор за наука, со детали за кои мора да води сметка.

Имав намера да одам на состанокот, ама закаснив.

Имав намера да одам на состанокот, ама задоцнив.

Преку целата рака имаше темноцрвена модрина.

Преку целата рака имаше темноцрвена модринка.

Лазеше до катот и влезе низ отворената врата.

Ползеше до катот и влезе низ отворената врата.

Пробавме да разговараме на таа тема.

Се обидовме да разговараме на таа тема.

Зашто не ми раскажеш што се десило?

Зошто не ми раскажеш што се случило?

Ќе направи се само за да избега.

Ќе направи сѐ само за да побегне.

Скептично го одмери соговорникот.

Сомничаво го одмери соговорникот.

Навистина станала преубава жена, иста како сликата на конфирмацијата.

Навистина станала преубава жена, иста како сликата на потврдата.

 

Имаше свои проблеми и едвај ја примети девојката.

Имаше свои проблеми и едвај ја забележа девојката.

Порано или покасно, ќе мора да се соочат со стварноста.

Порано или подоцна, ќе мора да се соочат со реалноста.

Многу го поштувам твојот интегритет.

Многу го почитувам твојот интегритет.

Го појачавме звукот да се чуе надалеку.

Го засиливме звукот да се чуе на далеку.

Ручекот во кафаната не кошташе тристотини денари.

Ручекот во кафеаната нѐ чинеше триста денари.

Само месото чинеше двеста денари.

Само месото чинеше двесте денари.

 

Ланската година беше многу тешка.

Минатата година беше многу тешка.

Ја дигна раката за да ја прекине галамата.

Ја дигна раката за да ја прекине вревата.

Ова ви го кажувам зашто имам поверење во вас.

Ова ви го кажувам затоа што имам доверба во вас.

Во последните неколку месеци животот му беше компликуван.

Во последните неколку месеци животот му беше комплициран.

Ќе ја заковеме најголемата шајка на вратата.

Ќе ја заковаме најголемата шајка на вратата.

Сега го читам деветото поглавје од книгата.

Сега го читам деветтото поглавје од книгата.

Медиумите трескаво ги менуваа насловите.

Медиумите трескавично ги менуваа насловите.

Се заврте и замина налутено.

Се сврте и замина налутено.

Каишите ја стегаа околу зглобовите.

Ремените ја стегаа околу зглобовите.

Имаше облечено обична ношница.

Имаше облечено обична ноќница.

Во ќошот на кафезот животното стоеше сосема беспомоќно.

Во аголот на кафезот животното стоеше сосема беспомошно.

Девојката носеше прекрасен костим за бањање.

Девојката носеше прекрасен костум за капење.

За да ги заштити очите стави наочари за сонце.

За да ги заштити очите стави очила за сонце.

Никако не можеше да ја совлада радозналоста.

Никако не можеше да ја совлада љубопитноста.

По само неколку недели се видоа резултатите.

По само неколку седмици се видоа резултатите.

 

Грубо го избуткаа од редот.

Грубо го истуркаа од редот.

Чувствуваше дека девојката стварно му фали.

Чувствуваше дека девојката навистина му недостасува.

Ја стави капата за сонце и излезе.

Ја стави шапката за сонце и излезе.

Излезе на терасата, се наведна и зирна на соседната тераса.

Излезе на балконот, се наведна и ѕирна на соседниот балкон.

Девојката имаше прекрасни плави очи.

Девојката имаше прекрасни сини очи.

Приметив дека вруќината ме измачува.

Забележав дека жештината ме измачува.

Работното време му завршуваше во три саат поручек.

Работното време му завршуваше во три часот попладне.

За да стигнат побрзо, го избраа покусиот пат.

За да стасаат побрзо, го избраа пократкиот пат.

Кога поминаа пола пат, сватија дека ги заборавиле документите.

Кога поминаа половина пат, сфатија дека ги заборавиле документите.

Рецепцијата на хотелот беше полна со ѓубре.

Рецепцијата на хотелот беше полна со смет.

На состанокот се поткрена иницијатива за проширување на дејностите.

На состанокот се покрена иницијатива за проширување на дејностите.

Секој допринесува на свој начин, како знае и умее.

Секој придонесува на свој начин, како знае и умее.

Гласот му звучеше поладно од колку што имаше намера.

Гласот му звучеше постудено отколку што имаше намера.

Кучето заскриено го посматраше сопственикот.

Кучето затскриено го набљудуваше сопственикот.

Ги седнаа на масата во ќошето, позади шанкот.

Ги седнаа на масата во аголот, позади шанкот.

 

Се насмеа за првпат по многу недели.

Се насмеа за прв пат по многу седмици.

Се соочи со противникот во минатата седмица.

Минатата седмица се соочи со противникот.

Изгледаше добро и релаксирано, но со озбилен израз на лицето.

Изгледаше добро и релаксирано, но со сериозен израз на лицето.

Пораките мора да стигнат до правите луѓе.

Пораките мора да стасаат до вистинските луѓе.

На поправка на колата потрошив скоро пола ден.

На поправка на автомобилот потрошив речиси половина ден.

На состанокот имаше околу триесетина присутни.

На состанокот имаше триесетина присутни.

или

На состанокот имаше околу триесет присутни.

Почека десет минути, но не примети никаква активност на мрежите.

Почека десет минути, но не забележа никаква активност на мрежите.

Човекот беше незадоволен и се осеќаше непријатно.

Човекот беше незадоволен и се чувствуваше непријатно.

Таа го рачунаше пријателот за многу доверлив.

Таа го сметаше пријателот за многу доверлив.

Конечно ја свати шалата.

Конечно ја сфати шегата.

Косата и беше врзана во репче.

Косата ѝ беше врзана во опашка.

Детето по цел ден си игра со количките.

Детето по цел ден си игра со автомобилчињата.

Коцката беше тешка и му направи рана на неговото лице.

Коцката беше тешка и му направи рана на лицето.

или

Коцката беше тешка и направи рана на неговото лице.

Стварно не знам што се деси.

Навистина не знам што се случи.

Водата во изворот беше многу ладна.

Водата во изворот беше многу студена.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво