Home Иселенички СтраниЕвропа Трибина на тема: „Македонски обичаи за Бадник и Божик“

Трибина на тема: „Македонски обичаи за Бадник и Божик“

72 views

Денес во нашиот град Дуго Село во Република Хрватска во организација на Хрватско-Македонското друштво со претседателката Јудита Реи Худачек и Загребската Жупанија со претставничката за македонското малцинство во советот на жупанијата Лена Џапиќ и со учество на учениците од основното училиште „Иван Бенковиќ“ под менторство на професорката Бранкица Богатинов се одржа трибина на тема : „Македонски обичаи за Бадник и Божик“. Меѓу присутните гости беше и амбасадорот Милиам Фетаи кој секогаш ги посетува и поддржува нашите активности, градоначалникот на Дуго Село Ненад Паниан, кој упати честитки за нашата работа и зборови на поддршка и помош за нашите идни проекти, директорот на училиштето Бранко Голеш кој истакна дека со самиот факт дека сме прво училиште во Загребската жупанија каде се изучува Македонски јазик не прави посебни и дека како колектив секогаш ќе ја поддржуваат нашата работа. Учениците пееја и читаа божикни и коледарски песнички од кои дел новокомпонирани, а дел од богатата ризница на Марко Цепенков. Ја поделивме бадниковата погача и си го добивме среќлијата ученикот Габриел Колески. Присутните уживаа во македонските вкусни специјалитети по кои сме познати ширум светот и уживаа во песната на нашите прекрасни „Езерки“, кои неуморно веќе 30 години ја афирмираат македонската народна песна низ Хрватска и регионот. Програмата ја збогатија и хорот наставнички од училиштето кои испеаја традиционална Божикна песна од Дугоселскиот крај. На крајот од трибината сите заедно дојдовме до заклучок дека и не сме така различни и дека треба ангелската химна објавена на пастирите ноќта на Бадник ,,СЛАВА НА БОГА ВО ВИСИНИТЕ А ПОМЕЃУ ЛУЃЕТО МИР И ДОБРА ВОЛЈА,, треба да ја практицираме и да го живееме Божик секој ден, а не само преку традицијата и обичаите. Големо благодарам на сите за овој прекрасно одбележан ден. А особено сум горда на моите ученици.

Проф.по биологија и Македонски јазик Бранкица Богатинов

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво