Во пресрет на Велигденските празници, денеска градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, врачи 110 хуманитарни пакети наменети за социјално загрозените семејствата кои живеат на територијата на локалната самоуправа. Во рамки на традиционалната акција „Да бидеме хумани за нашите соседи“ која по 28 пат ја организира Одделението за детска, социјална и здравствена заштита при Општина Карпош, граѓаните донираа прехранбени и хигиенски производи за своите сожители кои се наоѓаат во потешка материјална состојба.
Ви посакувам убави Велигденски празници со искрени желби, што поскоро да искочите од оваа зона на социјален ризик. Општината и понатаму ќе се грижи за сигурноста на своите сограѓани и секогаш ќе биде тука, за оние на кои им е најпотребна нашата помош – додаде Јакимовски.
Хуманитарната акција траеше пет работни дена, а кон неа се приклучија децата и родителите од основните училишта и детските градинки од Карпош, како и општинската администрација и дел од советниците од Општина Карпош. Инаку, локалната самоуправа ја организира оваа хуманитарна акција три пати во годината, пред Божиќ и Велигден, како и по повод роденденот на Општината (3 ноември).
Одделение за односи со јавноста
ОПШТИНА КАРПОШ