59
Директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски оствари средба со Емилија Тодорова, од Сиднеј, Австралија, која покрај другите активности за време на својот престој во Македонија во месец јуни учествуваше на „Поетските иселенички средби“ во Скопје во организација на Агенцијата за иселеништво.
Г-ѓа Тодорова е добитник на наградата „Стојан Христов“ за најдобра книга поезија „Гравитација“ напишана од иселеник, при Струшките вечери на поезијата за 2022 г. која ја доделува Агенцијата за иселеништво и за време на средбата од страна на директорот Слободан Близнаковски и беше врачена наградата.
Печатењето на книгата „Гравитација“ беше поддржано од Агенцијата за иселеништво во рамки на надлежноста за помагање на културниот развој на иселениците.