Home Иселенички СтраниЕвропа ВЕЧЕР НА ИЗВОРНАТА МАКЕДОНСКА ПЕСНА НА ЗДРУЖЕНИЕТО ,,КИРИЛ И МЕТОДИЈ’’ ОД НОВИ САД

ВЕЧЕР НА ИЗВОРНАТА МАКЕДОНСКА ПЕСНА НА ЗДРУЖЕНИЕТО ,,КИРИЛ И МЕТОДИЈ’’ ОД НОВИ САД

68 views

На 07.06.2023. година одржана е Вечер на изворната македонска песна, во прекрасниот простор на Културната станица  ,, ЕЧШЕГ ‘’ која се одржува во рамките на 17-та  Mанифестација „ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРА ВО НОВИ САД“ , имавме  можност да уживаме во прекрасниот  македонски мелос, кој  ни ги презентираа нашите даги и чести гости Пеачката група   на здружението ,,Македонски бисери” од Пландиште ,  ни се представија со нивниот богат репертоар на македонски песни и тоа:

1.Земјо Македонска

2.На Струга дуќан да имам

3.Ој девојче

4.Калино моме

5.Илчовице млада невесто

А солисти беа господин Слободан Тренковски и госпоѓа  Љубица Граовац, ни приредија  прекрасна изведба на изворните песни. Потоа  настапи Градскиот хор од Стара Пазова  со пратење на  гитара и хармоника,  ни се представија со нивниот богат репертоар на српски и македонски песни : Мени требаш ти, Опрости ми што те волим, Тамбураши с Дунава, Ја без тебе не могу да  живим,  Тамбураши тихо свирајте, Мало је мало дана, Три пољупца, Давај ме мила мамо давајме и на срце ми лежи, прекрасна изведба, на  изворните песни.

 А потоа настапи  Женската пеачка група при АКУДУНС ,,Соња Маринковиќ“ од Нови Сад.

ЖЕНСКА ПЕАЧКА ГРУПА АКУДУНС  ,,СОЊА МАРИНКОВИЌ“ под раководство на господин Добривој Јанковиќ .Ги изведоа песните: Битола, мој роден крај, Биљана платно белеше, Извор вода извираше,Каранфило филфило, Бело лице љубам јас, Зачукале тапаните, Мери Томчо, Момиче бело, црвено, Елено керко, На срце ми лежи мила мамо, Не се бели Маре мори, Не стој Доне Донке, прекрасно ги  изведоа  народните македонски  песни.

 На крајот повторно  ни се представи Пеачката група на здружението ,,Македонски бисери“ од Пландиште со изворните  македонски песни и тоа:

6.Ајде ајде моме Стојне

7.Лихнида кајче веслаше

8.Благуно дејче

9.Каранфило филфило

  1. Ој Вардаре македонски.

Ни приредија прекрасна изведба на македонските изворни песни.

Водител на програмата беше Соња Мициќ

Им се заблагодаруваме на Пеачките групи од Пландиште и Нови Сад и Градскиот хор од Стара Пазова, што и оваа годинава  заедно со нас ја одбележивме оваа Седумнаесетта   Манифестација „ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРА“ која  заврши со звуците на нашите прекрасни македонски изворни песни. Во овај прекрасен простор на Културната станица ,,ЕЧШЕГ’’,кои се   и КООРГАНИЗАТОРИ, им благодариме што ни овозможија да го користиме овај убав простор.

Публиката беше задоволна, која заедно пееше со учесниците,а една госпоѓа од публиката дојде до мене и ми заблагодари за убавата организација.

 Текстот го припреми Васка Чергоска

09.06.2023.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво