73
Директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски, присуствуваше на Акатистот кон Пресвета Богородица во МПЦО „Св. Петар и Павле“ во Нова Горица.
Веднаш по службата се одржа средба со Управниот одбор, свештеникот Дејан Миловски и раководството на МКД „Охридски Бисери“. Директорот Близнаковски информира за програмите на Агенцијата за иселеништво и повика за соработка во иднина.
Воедно ја истакна важноста на формирањето и одржувањето на Црковната Општина и упати благодарност до Римо-католичката црква за покажаната доблест при отстапување на објекти за користење на православните верници. За потребите на културното друштво МКД „Охридски бисери“, Директорот подели промотивен материјал и книги за најмладите членови.
https://www.facebook.com/iselenistvo