66
Фудбалската федерација на Македонија и техничкиот партнер Јако како што е познато пред неолку дена го претставија новиот дрес на македонската фудбалска репрезентација.
Препознатливото сонце истакнато на градите на фудбалерите на модерен начин ја отсликува енергијата и гордоста на Македонија.
Дизајнот на новиот дрес останува верен на македонското фудбалско наследство, додека резервниот дрес во бело-жолта боја е уште една интерпретација на македонскиот дизајн за фудбалерите и навивачите.