72
1/2 кгр. бамји
2 поголеми лажици масло
1 главица кромид
4-5 домати
1-2 чешни лук
магдонос
црн пипер
сол
Бамјите исчистете ги од петелките, попарете ги со врела вода и исцедете ги добро. На две поголеми лажици масло испржете две главици ситно исечен кромид, колку да зажолти, додајте 4-5 наполно зрели домати, излупени и исечкани, без семе, малку лук, исечен магданос, сол, црн пипер и најпосле ставете ги попарените бамји. Поклопете го садот и оставете го на тивок оган да се повари околу 30 минути.