Ирена Паскали, минатогодишната учесничка на „Иселеничката ликовна колонија“ во Крушево, изложува свои инсталации пред уметничката јавност во Германија (Неурупин) и во Орландо (Флорида).
Групната изложба во Германија е од 1 март до 10 април и се претставуваат околу 75 уметнички автори.
Во Орландо (Флорида) од 10 март – 14 април ќе се одржи 12-тиот по ред Годишен интернационален уметнички натпревар на тема „Славејќи ја генијалноста на жената“.
Номинирана е за интернационалната награда со свој видео перформанс од три и пол минути.
Ирена Паскали живее и твори во Келн повеќе од 15 години.