66
Почитувани,
зад нас е уште една успешна работна година во која организиравме разни културни настани. Да споменам некои:поетско читање на Плоштадот Европа,спортски ден во Ореховље,ликовна колонија „Небесна Горица“, проектотМакедонско сонце 6, различни изложби,фолклорни настапи итн. Годинава продолжуваме со остварување на предизвиците што ни претстојат. Па така управниот одбор и членовите веќе се фативме за работа. Сите настани кои ги организираме и на коишто сме поканети да соработуваме ќе бидат објавени на нашата веб страница
https://mkd-ohridskibiseri.si и на социјалните мрежи.
Почетокот на годината е време кога се обновува и потврдува припадноста на друштвото со плаќање членарина. Годишната членарина останува иста како и досега: 20€ за семејна членарина, и 10€ за поединечен член. Затоа ве повикувам да *(п)останете членови на друштвото. Плаќањето на членарината треба да се изврши до31. 3. 2023. Сите права, обврски и должности на членовите се определени во статутот на друштвото.
Членарината може да се подмири преку трансакциска сметка:
MKD Ohridski biseri
Gortanova ulica 17, 5000 Nova Gorica 2
SI56 0400 1004 6914 718 Nova KBM d.d.
Горд сум со работата на друштвото. Нашето добро работење го потврди и Министерството за култура на Република Словенијакоешто минатата година ни додели статус друштво од јавен интерес на полето на културата.
*За подетални информации како функционираме сите заинтересирани можат да ни се обратат по електрониски пат наmkd.ohridskibiseri@gmail.com
Заедно можеме повеќе.
Виктор Илиевски
Претседател