63
Стара вистина е дека официјалната историјата секогаш е пишувана од победниците, а тоа значи дека таа е подложна на интерпретирања, менувања, скривања и фалсифицирања според дневните потреби на владетелот. Ова особено му е познато на македонскиот народ распарчен на Балканот и раселен по светот.
Но историјските артефакти, случајно пронајдени во бабините долапи и дедовите албуми, знаат неочекувано да фрлат светлина и во најтемните страни на модерната новокомпонирана историја.
До еден таков неочекуван документ дојдоа и членовите на Канадско -Македонското Историјско Друштво од Торонто кои во својот редовен проект на архивирање на животните истории на македонците од дијаспората дојдоа до една фотографија-поштенска картичка на која е фотографиран нејзиниот оригинален сопственик. Имено, на спротивата страна на оваа фотографија се наоѓа многу интересна и важна негова забелешка каде што ги наведува следниве податоци – неговото име е Димитар Иванов, роден е во октомври 1897 година во селото Пателе, Македонија. Фотографијата е направена за време на неговите печалбарски денови во Дајтона (Охајо), Соединетите Американски Држави, во 1917 година.
Оноа што е особено важно е фактот што Димитар Иванов , свесен за својата македонска националност, го наведува своето село (денес се наоѓа во Грција) со неговото вистинско македонското име – Пателе, а територијата на која тоа припаѓало – Македонија. Ова е уште еден доказ дека македонската националност и нејзината територијална припадност не се некаква скорешна измислица и дека македонскиот народ и покрај вековната голгота никогаш не го заборавил тоа.
Текст и фото: Зоран Карапанчев