68
Почитувани,
Летната Школа по македонски јазик наменета за децата од иселеништво ќе се одржи од 26 јули до 1 август 2023 година во Охрид.
Возраста на децата треба да е од 12-16 години.
Покрај наставата за јазикот ќе се одржуваат едукативни работилници, спортски активности и посети на знаменитости во Охрид и околината.
Превозот до Охрид ќе биде во организација на родителите.
Ве молиме присуството да го пријавите на:
biljana@minisel.gov.mk
Лице за контакт Билјана Костова