Home Иселенички СтраниЕвропа Ден на народите во Локарно, Швајцарија

Ден на народите во Локарно, Швајцарија

by Марко Стоименовски
68 views
Градот Локарно, во соработка со повеќе институции и здруженија, ја организира Festa dei Popoli, – Денот на народите, во недела на 24.09.2023 година, со почеток од 14.00 часот до 23.00 часот на големиот плоштад во Локарно.
Фестивалот има за цел да ја подигне свеста и да ги промовира различните култури – странски и локални, присутни во Кантон Тичино преку музика, ритмичко балетски групи, фолклорни групи, етничка кујна, средби и игри.
Учениците од фолклорната група кои посетуваат настава по македонски јазик кај наставничката Ана Тимовска Митрева, настапија во 16:00 часот со повеќе македонски ора, а македонскиот штанд беше богат со вкусни традиционални специјалитети подготвени од родителите.
Благодарност до општина Локарно, а посебно до организаторите Џована Шмид и Ненси Лунги за можноста да учествуваме на Празникот на народите. Прекрасна манифестација на која зедоа учество над педесет организации, здруженија и заедници, кои се собраа да ја прослават различноста и да ја промовираат интеграцијата и меѓусебното почитување.
Фолклорната група настапија со неколку македонски ора.
Родителите учествуваа со подготвување на македонски специјалитети. Благодарност до вредните мајки. Нашиот штанд беше масовно посетен.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво