Оваа година Денот на Заедницата на Македонците во Република Хрватска свечено беше одбележан на 21 октомври 2023 година во Пула, во организација на МКД „Свети Кирил и Методиј“ од Пула.
На свеченоста, директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски ги поздрави гостите и се обрати со честитка за долгогодишното постоење и работење на Заедницата на Македонците во Република Хрватска за чувањето на македонскиот јазик, култура и традиција, со посебна благодарност до хрватските власти кои ги поттикнуваат и подржуваат македонските организации во негувањето на традиционалните вредности.
Програмата беше збогатена со настапи на сите друштва кои влегуваат во Заедницата и тоа:
- МКД „Свети Кирил и Методиј“ Пула
- МКД „ИЛИНДЕН“ Риека
- МКД „Билјана“ Задар
- МКД „Браќа Миладиновци“ Осиек
- МКД „Охридски бисер“ Загреб
- МКД „Македонија“ Сплит
Беа изложени и примероци на списанието „Македонски глас“ а се одржа и етно работилница. По културниот дел прославата продолжи со македонски песни, ора.