Минатогодишната учесничка на „Иселеничката ликовна колонија„ во Крушево, реномираната светска уметничка г-ѓа Ирена Паскали, донираше прекрасно дело на Агенцијата за иселеништво со одобрение да се подари на некоја државна институција.
Делото е насловено „Плима“ и е дел од диптихот „Осека“ насликани во 1999 година, со димензии 100 х 140 цм. во комбинирана техника на платно, масло и картон.
Делата што се творени во Македонија веќе се дел од колекции во повеќе културни институции, како Националната галерија и Музејот на современа уметност.
Паскали веќе неколку децении живее во Келн, Германија.