66
Сакам да најдам добар баланс каде што ќе се чувствувам исполнето од мојата работа, но и од тоа што го правам надвор од работата. Имам уште х години живот, прашањето е на што попрво да ги посветам, дополнува Филип.
Филип Стојановски е роден во Крива Паланка, а дипломира на ФИНКИ во 2015 година и беше прв дипломец со просек 10,00 на овој факултет. По дипломирањето добива стипендија за магистерски студии во Мадрид, потоа продолжува со учење и работа во Стокхолм, а сега работи во „Спотифај“ во Њујорк.
– Некогаш морам да се потсетам каде живеам и дека тоа е реалност, ова навистина е прекрасен и легендарен град – вели тој.
Никогаш не престануваш да учиш
Моментално е дел од тимот на „Спотифај“. Филип е неуморен во своите амбиции, постојано расте и се развива во секој поглед. Ни раскажа како дојде до работата во „Спотифај“.
– До соработката дојде кога студирав во Стокхолм и „Спотифај“ беше компанијата каде што сите колеги сакаа да работат на нивната магистерска теза. Пријателка од ФИНКИ веќе работеше таму и ме препорача за еден од проектите. По магистерската, која беше од областа машинско учење, најдов позиција и аплицирав за научник за податоци (Data Scientist) во одделот за премиум-корисници каде што работев на студентскиот, дуо и семејниот план. По четири години барав нов предизвик и аплицирав во бизнис-тим во Њујорк што работи со артисти, издавачи и другите делови на музичката индустрија, каде што работам како сениор научник за податоци. Моментално го анализирам бизнисот на промовирање нова содржина на „Спотифај“ – споделува Филип.
Повеќе можете да прочитате ТУКА