Home Иселенички СтраниЕвропа Филмска проекција и новогодишни пакетчиња за децата што го изучуваат македонскиот јазик во Лесковац

Филмска проекција и новогодишни пакетчиња за децата што го изучуваат македонскиот јазик во Лесковац

46 views

Јубилејот 10 години од воведувањето на Македонскиот јазик со елементи на националната култура во образовниот систем во Србија одбележан е денес и во Лесковац, со учениците од основните училишта “Коста Стаменковиќ” и “Бора Станковиќ” од Богоевце и нивните наставници, во Културниот центар на Лесковац.

Скоро 200 ученици присуствуваа на проекцијата на современиот македонски детски филм “Стела” кој Националниот совет го обезбеди во соработка со Македонската кинотека.

По проекцијата, на децата им се поделени новогодишни пакетчиња обезбедени од компанијата Витаминка од Прилеп и Форумот на млади Македонци.

Пакетчињата ги поделија Ивана Цветковиќ, членка на Советот и наставниците Ивана Стојановски Станковиќ, Сања Ристиќ и Александра Арсиќ.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво