76
Од 16-20 јули 2023 година во Охрид во организација на Агенцијата за иселеништво 120 играорци од пет македонски културно-уметнички друштва ќе учествуваат на ИСЕЛЕНИЧКИОТ ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ! Според програмата друштвата ќе имаат настап во Охрид на 17 јули и во Струга на 18 јули. Играорци од Словенија, Србија, Австрија, Хрватска и Романија ќе се претстават со македонски песни и ора, преку кои ја негуваат македонската традиција во иселеништво.