63
На 25.05.2023 во Клубот на пратеници во Скопје започнаа Иселеничките поетски средби во организација на Агенцијата за иселеништво.
Првите иселенички поетски средби преку поздравен говор ги отвори директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски, а кон учесниците се обратија и директорот на Струшките вечери на поезијата, Тодорче Тасевски и претседателот на Друштвото на писатели на Македонија, Христо Петрески.
Директорот Близнаковски истакна дека Агенцијата за иселеништво преку повеќе активности се грижи за чувањето на македонскиот јазик во иселеништво и тоа: преку печатење на книги на иселеници, преку промоции на дела, како и преку доделување на наградата „Стојан Христов“ за најдобра книга поезија во рамки на Струшките вечери на поезијата.
На Иселеничките поетски средби учествуваат поети од Австралија, Канада и од повеќе држави од Европа како: Р.Италија, Р.Хрватска, Р.Србија, Кралството Шведска и Р.Словенија. Поетите во текот на двата дена ќе имаат можност да се самопромовираат, да ги презентираат своите дела, творби и да се запознаат и вмрежат меѓусебно за понатамошна соработка од областа на културата.
https://www.facebook.com/iselenistvo