Home Иселенички СтраниЕвропа Македонките во Хрватска го одбележаа 8 Март

Македонките во Хрватска го одбележаа 8 Март

67 views

По традиција веке неколку години по ред Советот на македонското национално малцинство за Град Загреб свечено го одбележува Меѓународниот празник нажената 8.март.Цвеченоста се одржа на 4.3 сабота во салата Тоше Проески во Загреб.

Тоа е денот кога се слават економските,политички и социјални достигнувања на припадничките на женскиот пол и нивната борба за еднаквост и право на глас.

Моника Кордиќ сопственичка на фирма,Кристина Тодороска Будна докторка,Деспина Белчовска Велинска професор по македонски јазик во основно училиште иБиба Додева музичар и претседателка на здружението Борка како жени од различни професии говореа за нивното снаоѓање помеѓу кариерата и семејството,борбата на жената да биде своја и еднаква со мажите во друштвото.

На свечноста присуствуваа гѓа Маја Апостолова Балабурски,ополномоштена министерка во македонската амбасада во Загреб, гѓа Ајла Фетаи проф.по политичкинауки и сопруга на македонскиот амбасадор во Загреб, проф. Наталија Поповска директорка на македонскиот културен центар во Загреб, проф.ЗорицаВелиновска членка на Советот на националното малцинство ѕа Р.Хрватска,протоереј ставрофор отец Кирко Велински и др.

На музика од операта Кармен се претстави со своја кореографија младата балерина Афродита Силјаноска од средното балетно училиште во Загреб.Сомакедонската песна и застапеноста на жената во песната не потсетија музичките уметници Сафиудин Алимоски и Стефко Качуров.

Сите присутни на крај ги поздрави претседателката на Советот на македонското национално малцинство за Град Загреб гѓа Катерина Зековиќ и посебнаблагодарност упати до членовите на Советот за нивниот труд и ангажман во последните години.Предавањето заврши со поделување на ружи и заедничкофотографирање.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво