62
Во недела на 21 мај 2023 година,се одржа ,,Македонска културна вечер” во местото Брезје кај Тржиќ во организација на друштвото ,,Света Нежа” во соработка со МКД ,,Св. Кирил и Методиј” од Крањ. На настанот домаќините имаа подготвено презентација со патепис за Македонија со информации за неколку места и градови, а гостите од Крањ се претставија со фолклорен настап од најмладата група и изворни песни и инструменти.
На настанот присуствуваше директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски, кој пред македонската и словенечка публика ги поздрави организаторите, ги информира за програмите на Агенцијата за иселеништво и им посака успешна соработка на двете друштва во иднина,во насока на чувањето на македонската култура и традиција. Вечерта беше збогатена со вкусна македонска трпеза подготвена од Македонците кои живеат во овие краишта на Република Словенија
https://www.facebook.com/iselenistvo