61
ДЕНЕС Е ПРОЧКА: „Кој проштева тој љуби, а кој љуби тој е од Бога и Бог е во него”
Простувањето не го менува минатото, но ја збогатува иднината.
Обичајот проштевање тргнува од христијанското сфаќање за помагање и проштевање меѓу луѓето. Се верува дека на овој ден и небото и земјата се проштеваат па тоа треба да го сторат и луѓето. Небото затоа што и погрешило на земјата со громови, мразеви поројни дождови и сл. бара прошка. И луѓето еден од друг бараат прошка за грешките.
Притоа секогаш помалиот бара прошка од постариот, децата од родителите, крштеникот од кумот, а се проштеваат и пријатели, роднини, соседи итн. Откако три пати ќе се поклони помладиот му вели на постариот: “ Прости ми!“ на што овој одговара: “Простено да ти е и од мене и од Господа“, а некаде се вели само: “Просто да ви е“.
Во Струга како што е запишано во зборникот на Браќата Миладиновци се изведувал обичајот наречен Лапрди. “На Поклади вечерта децата играет околу црков лапрди. Лапрди сет др’гови не толку д’лги, на врхот расвепени и в цепот накладено сено сврзано. В селото клавает јаглен и вртет лапрдата, на десно, на лево, дури да се запалит сеното и да изгаснит. После оставет драговите в црква“.