Home Иселенички СтраниАвстралија МЛД „Григор Прличев“ од Сиднеј веќе 45 години ги промовира македонскиот јазик и култура

МЛД „Григор Прличев“ од Сиднеј веќе 45 години ги промовира македонскиот јазик и култура

62 views

45 ГОДИНИ ПРОМОВИРАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И ЛИТЕРАТУРА

Минатиот петок, 31 март, во библиотеката „Григор Прличев“ во Сиднеј се одбележа 45 годишницата од формирањето на Литературното друштво „Григор Прличев“.

На средбата членовите разменија сеќавања за минатите години кои ги поминаа во дружење и работење во промовирање и одгледување на македонскиот јаик и литература и промовирање на културните достигнувања во Македонија и Австралија.

Исто така се прочитаа честитки кои пристигнаа од почесните членови и долгогодишните соработници со Друштвото како и од членовите кои живеат надвор од Сиднеј. Пораките беа јасни: Честит јубилеј Прличевци! Да ви се множат годините и успесите!

 

На средбата се забележа дека Друштвото со истоимената библиотека што поседува повеќе илјади книги кои се достапни за македонската заедница, посебна но младите кои го изучуваат македонскиот јазик, одигра важна улога во чување и одгледување на македонскиот јазик. Потоа издавњето на списанието „Повод“ како орган на Друштвото претставува стожер околу кој членовите ги промовираат своите креативни дела што се кулминира со издавачката дејност на литература од членовите.

 

 

Досега Друштвото има издадено над 100 наслови од сите жанрови. Во Друштвото членуваат над 170 членови кои како дел од активностите на Друштвото и другите македонски асоцијации и Црковни Општини биле и сеуште се едни од главните носители на културниот живот на Македонците во Австралија.

По повод 45 годишницата, членовите на Друштвото планираат повеќе културни активности, како издавање и промовирање на нови книги меѓу кои и Архивот на Друштвото, Монографија и сл.

Д.Р.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво