62
ПОКАНА ЗА РЕДОВНОТО ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА МПЦО „СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ“ ВИЕНА
Недела, 26.02.2023 г.
Света Боженствена Литургија
Почеток 09:30 часот
Собрание
Почеток 12:00 часот.
Возљубени во Господа драги браќа и сестри,
МПЦО „Св.Наум Охридски“ од Виена ве информира дека во Недела, на 26. Фебруари ќе се одржи годишното членско собрание на МПЦО „Св.Наум Охридски“ Виена.
– Управниот одбор АПЕЛИРА до сите парохијани, членови и симпатизери на МПЦ и на ЦО да дојдат и активно да земат учество во работата на црковната општина во Виена.
На кратко и дневниот ред составен и потврден од ЦУО за кој во детали ќе биде потврден, усвоен и изгласан на самото собрание:
Дневен ред:
• Поздравување на гостите и отворање на собранието од страна на претседателот на ЦУО Љупчо Домазетоски
• Избор на работно раководство кое ќе раководи со годишното собрание спрема протоколот. (претседател, двајца уверувачи и записнилари)
• Молитва и поздрав од свештеник.
• Извештај од страна на претседателот Љупчо Домазетоски за остварените проекти и идни планирани зафати.
• Финансиски извештај за изминатата 2022 год. од страна на благајникот Борис Киселоски.
• Краток извештај и резиме од страна на секретарот Роберт Петрески во изминатата 2022 год. за остварените контакти, дејности и работата на ЦУО.
• Краток извештај на контролниот одбор и советодавниот одбор во текот на 2022 год. во ЦУО.
• Прашања за извештаите.
• Разно (прашања и дискусии)
• Затворање на годишното собрание
Мала поука …
Нашите обврски како Македонци овде во дијаспората најдобро ги знаеме а тоа се достоинствено представување на нашето духовно, културно и опшествено историско наследство на нашата татковина Р.Македонија.
Секој еден од вас ја има таа обврска спрема самиот себе, спрема родната земја за таа амбасадорска мисија и спрема другите во Р.Австрија.Секој еден од нас може лично да помогне на било каков начин. Најголемата помош не е финансиската како што можеби многумина мислат, најголемата помош е освестувањето, будењето, љубовта кон своето и прифаќањето на тоа што го имаме како нешто драго и скапоцено.
Со заеднички сили можеме многу повеќе да постигнеме а кога ќе созрее времето ќе никне и нов Македонски Православен Храм кој ќе биде за гордеење за сите Вас и Вашите поколенија кои земале активно учество во работата и градењето, за да достоинствено и со крената глава пристапиме и се помолиме кон Бога
Сето тоа не зависи од никој друг – него само од нас Македонците!
Со почит,
ЦУО при МПЦО „Свети Наум Охридски“ Виена