76
Наградата „Стојан Христов“ за најдобра книга поезија од иселеник, која ја доделува Агенцијата за иселеништво во рамките на Струшките вечери на поезијата, оваа година со одлука на жири комисијата, ѝ припадна на поетесата Ирена Павлова Де Одорико од Италија.
Директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски, во Струга ѝ ја врачи наградата која веќе 15 години се доделува на поетесата, а е предвидена во програмата на шеесет и второто издание на Струшките вечери на поезијата.