На 07.09.2023 година, во просториите на општина Македонска Каменица, се одржа средба помеѓу директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски и градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски.
На средбата, како заеднички интерес, беа истакнати повеќе реализирани активности, особено успешно остварената иселеничка средба во месноста Цера кај Македонска Каменица, настан што традиционално се одржува кон крајот на август.
Првите луѓе на Агенцијата и на локалната самоуправа во Македонска Каменица, договорија и спроведување на други активности од взаемен интерес, пред сѐ поврзани со промоција на Општината низ комуникациските канали на Агенцијата за иселеници, како и друг тип на поддршка.