Home Соопштенија Oтворeн македонскиот културно-информативен центар во Тирана

Oтворeн македонскиот културно-информативен центар во Тирана

83 views

Во овој прекрасен ден во Tирана, го отвораме нашиот трет Kултурно-информативен центар на Балканот. Искуствата од центрите во Истанбул и во Софија ѝ даваат смисла на идејата за места што нè поврзуваат и нè врзуваат. Впрочем, центрите за култура имаат голема и одговорна задача – да не дозволат да се отуѓиме едни од други кога имаме многубројни причини да бидеме едни со други.

Зашто на културата, границите не ѝ се познати“, рече министерката за култура Ирена Стефоска, која заедно со албанската министерка за култура Елва Маргарити, денеска и официјално го отворија Културно-информативниот центар на Република Македонија во Република Албанија.

Во своето поздравно обраќање, Стефоска додаде дека водени од европската идеја, силно ги артикулираме заедничките интереси кон целтта – подобар живот за сите наши граѓани. И овој Културно-информативен центар е уште едно ново, убаво поглавје во односите меѓу Македонија и пријателска Албанија, рече Стефоска, која на директорот на Центарот, Златко Ориѓански, му порача портите на ова културно катче да бидат секогаш отворени за сите на кои македонската култура и уметност им се на срце.

Центарот се наоѓа во непосредна близина на Градскиот парк во Тирана, локација што овозможува видливост и можност за поголема посетеност на културните настани.

Отворањето на КИЦ во Тирана се реализира со поддршка на Министерството за култура во соработка со Министерството за надворешни работи, односно Амбасадата на Република Македонија во Албанија, со што се потврдува дека меѓународната презентација е еден од приоритетите на културната политика на РСМ.

https://www.facebook.com/origjanski/videos/10221768162887847/?t=0

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво