63
МПЦО „Сите Македонски Светители“ ја одржа првата служба во доделените простории од Римо-католичката црква ,,Сан Џовани Батиста” во Корденонс, Порденоне.
На службата која ја водеше парохискиот свештеник Отец Дејан Миловски, присуствуваа новиот и претходниот Управен одбор со претседателите, Ванчо Лескароски и Ранко Симиџиоски, кои ја искажаа својата огромна радост бидејќи после долгу години труд и напори постигнаа да имаат свое место за сите верски обреди.
На настанот на кој беа присутни Градоначалникот, конзулот г-дин Стојан Витанов и многу верници, се обрати директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски.
Во својот говор Директорот на Агенцијата за иселеништво го поздрави новоформираниот Управен одбор, се заблагодари до италијанските власти за почитта кои ја укажаа кон православните верници и упати повик кон иселениците да учествуваат на претстојните програми на Агенцијата за иселеништвo.
https://www.facebook.com/iselenistvo