Home Истакнати иселеници Проф. д-р Бранко Горгиев

Проф. д-р Бранко Горгиев

73 views

Проф. д-р Бранко Горгиев е роден 1963 год. во Велес, (Р. Македонија), каде се стекнува со основно и средно  образование. Завршува класичини студии на Филозофскиот факултет во Скопје, магистрира во Белград, а докторира на матичниот факултет во Скопје. Веќе 30 години живее во Ниш (Р. Србија). Најпрвин работел како професор по латински јазик на Правниот факултет во Ниш и на Филолошкиот факултет во Приштина. На Филозофскиот факултет во Ниш од 2000 година е редовен професор по класични јазици (старогрчки и латински). Објавува научни трудови од областа на класичната филологија и античката философија. Една од неговите позначајни книги го носи насловот „Раѓањето на поимот arche и ги истражува почетоците на хеленската философија. Објавува научни трудови и на македонски јазик. Во 2012 год. Матица македонска ја објавува неговата книга „Св. Јован Касијан – мост на духовноста“, која наскоро треба да се појави и на српски јазик.

Еден е од основачите и член на три институции: 1) Центар за црковни студии во Ниш; (https://crkvenestudije-churchstudies.com/index.php/studies)   2) Меѓународен центар за православни студии, Ниш (https://www.ni.ac.rs/univerzitet/centri-univerziteta/centar-za-vizantijsko-slovenske-studije)  3) Центар за византиско-словенски студиии, Универзитет во Ниш.  (https://www.ni.ac.rs/univerzitet/centri-univerziteta/centar-za-vizantijsko-slovenske-studije).

Исто така е еден од основачите и член на меѓународната мрежа на научници: „Pax Byzantino Slava” (http://paxbyzantinoslava. com/str8.html).

Член е и на редакцијата на списанието „Црковни студии“ (Church Studies) (https://crkvenestudije-churchstudies.com/index.php/studies), кое е високо научно категоризирано и истовремено индексирано во ERIH PLUS (European Reference Index for the Humanities or ERIH). Инаку во ова списание научните трудови можат да се објавуваат, не само на светските, туку и на повеќето балкански јазици, меѓу кои е и македонскиот јазик.

Оженет е и родител на три деца.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво