Во рамките на проектот за промоција на македонската традиција, култура и зачувување на македонскиот јазик, гости во ООУ “Кире Гаврилоски – Јане” Прилеп се професорите по македонски јазик и деца од училиштето “Моша Пијаде” од Гудурица-Вршац, како и гости од Горњи Милановац и Белград.
Координаторите на овој проект : Јованка Антоска и Розита Кареска заедно до директорот Влатко Кузманоски и гостите од Р. Србија беа на прием кај градоначалникот каде е покрената иницијатива за збратимување и меѓусебна соработка со овие три градови на задоволство на сите присутни.
Професорите по македонски јазик од Вршац на гости кај колегите во Прилеп
65