65
Во неделата на 15 јануари напладне во МПЦ Св. Недела од Ејџекс,а во организација на црковната управа и женската секција се одржа традиционалниот ручек и забава во чест на Македонската Стара, односно православна Нова Година,Василица.
По свечениот ручек подготвен во црковната кујна раководена една од најдобрите професионални готвачки, Марија Ангелевска, во банкетната сала отпочна и забавниот дел. На почетокот благословот за среќна година го пренесе парохискиот свештеник Александар Зашов, а по него свое обраќање имаше претседателот на црковната управа и еден од најактивните претседатели во македонската заедница во Канада Славе Бунтески . Бунтески во својот говор изрази огромна благодарност до сите свои соработници, парохијаните, неговата сопруга Зора за поддршката и истрајноста во сите цели и планови и им посака оваа година на сите да им донесе многу повеќе здравје и среќа.
Претседателката на женската секција Милица Попоска не ја криеше својата радост што за Василица повторно како некогаш се собраа верниците, црквата живее и ќе напредува. Златната паричка од продадените мазници подарена од Дафина Христова најповеќе среќа да ја добие имаше Ристана Младенова.
Во зававниот дел настапија музичките уметници: Стив Штуревски, Соња и Оливер Бенд, Стојне Николова и Бобан Мојсоски.
За потсетување, на 28-ми јануари црквата света Недела организира донаторска вечер за помош и обнова на манастирот Св. Марина, во Туминец, Мала Преспа. Сите се добродојдени