Денеска 5 Мај, го одбележуваме Денот на македонската азбука, кога во 1945 година е озаконета македонската азбука. Македонскиот јазик за првпат официјално станува службен јазик со одлуката на Првото Заседание на АСНОМ на 2 Август 1944. По повод одбележувањето на Денот на македонската азбука, имаме специјален прилог кој ни го испрати претседателката на Македонското учителско друштво на Викторија, Јованка Смилевска. Во прилогот со рецитал, учествуваат ученици по македонски јазик од Австралија, Швајцарија и Хрватска.
https://www.sbs.com.au/language/macedonian/mk/podcast-episode/celebrating-the-macedonian-language-on-may-5/n5qob1ota?fbclid=IwAR3Q3yrCFUoHwSoAbPY-U8tYuMCLRjstvG3bNK4d-plCvEVyWnLorlYPIQs