Home Иселенички СтраниЕвропа Свечен концерт по повод Денот на Советот на македонското национално малцинство за Град Загреб

Свечен концерт по повод Денот на Советот на македонското национално малцинство за Град Загреб

62 views

Во сабота, на 7 октомври 2023 година Советот на македонското национално малцинство за Град Загреб, свечено го одбележа Денот на Советот.

Се одржа свечен концерт на кој настапи Женскиот младински хор „Менада„ од Тетово кои оправдано го носат епитетот „Светски македонски музички амбасадори„.

Предводени од маестро проф. Д-р Ивица Зориќ, хорот настапи со македонски антологиски композиции и песни со духовна тематика. Публиката беше воодушевена од нивните моќни вокали и величествена интерпретација, а меѓу присутните беа гости од македонската Амбасада во Загреб, Советот на националните малцинства во Хрватска, Културно информативниот центар на Р.С. Македонија во Загреб, претставници од Координацијата на советите и претставниците на националните малцинства во Град Загреб и градската Служба за национални малцинства, Католичката црква и Македонската православна црква во Хрватска,  МКД Охридски бисер,  бројни истакнати Македонци и членовите на Советот.

По концертот, Советот организираше коктел.

Концертот го реализираше Советот на македонското национално малцинство за Град Загреб во соработка со Културно информативниот центар на Р.С. Македонија во Загреб, македонското Министерство за култура и Македонската православна црква во Хрватска покрај Денот на Советот и во чест на предстоечкиот македонски државен празник 11 Октомври и денот на заштитничката на МПЦО во Загреб Св. Злата Мегленска.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво