Home Иселенички СтраниЕвропа „Светот на Биби“ во друштво со најголемите светски брендови во Лондон

„Светот на Биби“ во друштво со најголемите светски брендови во Лондон

63 views

Јунаците од „Светот на Биби“, главната протагонистка Биби со другарот Боби, и целата шаренолика дружина – жирафата Жижи, чудовиштето Деси, диносаурусот Даро, сирената Сребра, Зази и Зина, вампирчето Бу, Филимена, снешкото Гого и сите други ликови и широката палета на разни активности, игри, боенки, играчки ќе се лансира на еден од реномираните пан-европски настани за лиценцирање на брендови – „Бренд лајсенсинг Јуроп“ (BLE) во Лондон.

Манифестацијата ќе трае од 4 до 6 октомври. Првпат на овој настан за бренд лиценцирање ќе се претстави бренд од Македонија. Всушност, „Светот на Биби“ ќе има и штанд и ќе овозможи македонски производи да се промовираат пред лондонската публика и светските брендови. Да се биде дел од една ваква манифестација од светски размери е навистина голем чекор.

„Светот на Биби“ ќе биде во друштво со „Ворнер Брос“, „Марвел“, „Стар Ворс“, „Хасбро“, „Фантастикс“, „СЕГА“ (SEGA), „Пепа Прасе“, „Барби“, „Фортнајт“, „Штрумфови“, „Капком“, „Јубисофт“, „Вајдбреин“, „МГА ентертејмент“, „Мател“, „Парамут“, „Покемон“ и многу други светски брендови.


Матју Батини

– Тимот на „Бренд лајсенсинг Јуроп“ (BLE) со задоволство го најавува првиот излагач кој доаѓа од Македонија! Во текот на изминатите неколку години видовме сѐ повеќе силни локални брендови/анимирани серии кои гo прошируваат брендот и своето портфолио на нови територии со помош на „Бренд лајсенсинг Јуроп“. Лично, едвај чекам да го видам „Светот на Биби“ на настанот – изјави Матју Батини, ЕМЕА акаунт и директор за бизнис-развој во „Глобал Лајсенсинг груп“.

„Светот на Биби“ е првиот македонски анимиран производ што се дистрибуира во странство (Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина а во соработка со Фонд за иновации во Албанија и Косово). Биби веќе инспирира и радува илјадници деца во Македонија и пошироко. Неговите иницијатори претендираат овој проект да расте и да се шири континуирано на интернационално ниво за поголема публика да го запознае овој оригинален македонски бренд и повеќе дечиња да ја чујат приказната за Биби.

– Задоволство ни е да објавиме дека оваа година ќе изложуваме на „Бренд лајсенсинг Јуроп“ (BLE). Веруваме дека BLE е идеално место за да го прикажеме нашиот бренд и да истражиме нови бизнис-можности во индустријата на лиценцирање и проширување на нашиот бренд на други територии. Се радуваме што ќе бидеме во друштво со најголемите светски брендови – изјавуваат од продукцијата „Светот на Биби“.

Brand Licensing Europe (BLE ) единствениот пан-европски настан посветен на лиценцирање и проширување на брендовите, кој ги поврзува трговците, лиценцаторите и производителите.

„Светот на Биби“ е бренд кој се работи според светски стандарди, иако е целосно македонски производ. Едукативниот карактер и вредностите што се промовираат во овој бренд и серијал ги исполнуваат барањата на европските телевизиски куќи и европскиот пазар.

https://www.fakulteti.mk/news/12052023/svetot-na-bibi-vo-drushtvo-so-najgolemite-svetski-brendovi-vo-london?fbclid=IwAR1eTa9jlJ5tU97Ky98uWvr6D3oxELPiYGxxe9yNnKQqzrgh6MTljXQCReM

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво