Home Иселенички СтраниЕвропа ТВ „Зона плус“ со приказ за Здружението на граѓани „Вардар“ од Вршац

ТВ „Зона плус“ со приказ за Здружението на граѓани „Вардар“ од Вршац

62 views

На 18 јуни 2003, во Собранието на Општина Вршац, се промовира првата подружница на Здружението на граѓани од македонско потекло од Јужно банатскиот регион Вардар Панчево, Подружница Вршац. Свечената седница на Подружницата Вардар од Вршац се одржа под раководство на претседателот на Здружението на граѓани од македонско потекло од Јужнобанатскиот округ Вардар Панчево, Јован Радески, во присуство на претставниците Љубица Дојчиновска, Симо и Љиља Најдовски од Качарево, Перо и Лепа Ристовски и Светозар Петровски од Гудурица, Стеван Србиновски и Весна Мицевска Антал од Вршац. Присуствуваа и Ѓорѓе Крстов, Митра Илиќ, Димитрије Настов, Кристафил–Кице Куневски, Љиљана Милојевиќ и други.

После отворањето на седницата, претседателот на Здружението Вардар Панчево, Јован Радески, зборуваше за значењето на нашето организирање и за законите кои ни овозможуваат остварување на правата и обврските за зачувување на нашиот македонски идентитет. Откако се усвои Статутот на Здружението, се избра раководството на Подружницата, на чело со претседателот Ѓорѓе Крстов. За претставување на Подружницата УГМП Вардар од Вршац се избрани Ѓорѓе Крстов и Весна Мицевска Антал. На Собранието, по повод 100 години од Илинденското востание, предложено е да се организира Сéмакедонска изложба со документи и фотографии од првиот Илинден,1903, документи и фотографии од вториот Илинден 1945, и од осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година.

Две децении полни со активност

Ова е почеток на работа на Здружението на Македонците „Вардар“ од Вршац. Здружението во наредните 20. години организира многу манифестации, изложби, концерти … Редовно учествуваше во многу манифестации: „Гравче на тавче“ во Јабука, „Зелник фест“ во Качарево, „Празнични ѓаконии, богатство на различности“ во Вршац, „Златна есен“ во Гудурица…

Членовите на Здружението ја користат секоја можност и собир за да ги претставуваат своите ракотворби, рачни работи, ношни, но и традиционалната македонска кујна. Членовите на Здружението освојуваа награди за најдобри штандови и за најдобро припремени јадења, вели Дарко Ристески од ова здружение.

Во 2007. година за прв пат се одржа курсот по македонски јазик во Гудурица  и Вршац, за сите заинтересирани, а од 2017. година во Основното училиште „Моша Пијаде“ во Гудурица и во Основното училиште „Јован Стерија Поповић“ во Вршац, почна да се учи Македонскиот јазик со елементи на националната култура.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво