Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и градоначалникот на Копер, Словенија, Алеш Бржан, остварија средба со македонски иселеници на која разговарале за актуелните теми кои нив ги засегаат.
Како што изјави Спасовски, меѓу другото, разговарале за одлуката на Владата со која на граѓаните на кои им е истечена патната исправа, или истекува по 31 јули, се продолжува рокот на важење на овие документи до 31 декември 2021 година.
Целта е да им се излезе во пресрет на потребите на нашите граѓани кои поради пандемијата беа спречени навремено да ги продолжат своите документи.
По долги години го решивме и големиот проблемот на иселениците, со тоа што покрај шест мобилни базни станици за документи, ќе има и 10 фиксни базни станици за нашите иселеници да можат во секое време да ги обноват своите документи, а времето за чекање ќе биде намалено – изјави Спасовски.
Важноста на пасошите продолжена до крај на годинава: Спасовски се сретна со иселениците во Словенија
61