Home Истакнати иселеници Весна Бачева, прва Македонка што ја доби престижната награда Schmidt Fellows

Весна Бачева, прва Македонка што ја доби престижната награда Schmidt Fellows

68 views

Моментално работам во областа на растителните науки како еден од ретките инженери што работат во оваа област. Ме фасцинира начинот на кој функционираат растенијата и мислам дека тие се најдобрите инженери на природата и затоа, пред сè, сакам да научам од растенијата. На пример, како ја движат водата од корењата до лисјата или како ја создаваат целата храна што ја јадеме и како решаваат дали денес ќе направат ново овошје или нов лист, ни споделува Весна Бачева

Весна Бачева од Струмица заврши додипломски студии на одделот за микротехника на светски познатата Федерална политехничка школа во Лозана (Ecole polytechnique fédérale de Lausanne (EPFL), Швајцарија. Своевремено беше стипендистка на светскиот гигант ИБМ (International Business Machines Corporation – IBM), кој ѝ понуди докторски студии на Израелскиот научен институт „Технион“. Има два меѓународни патенти, а беше дел од тимот кој работеше напорно на адаптација на метод за детекција на ковид-19. Сега е дел од 32. што ја примија престижната постдокторска програма на Шмит сајенс фелоус (Schmidt Science Fellows).

– Тоа е многу селективна стипендија на светско ниво, во која најпрво треба да сте номинирани. Во мојот случај, бев избрана како кандидат од мојот факултет. По номинациите, кандидатите спремаат апликација со сите постигнати успеси, како и со планови за понатамошно истражување. Апликацијата е разгледана од светски познати научници кои селектираат кои кандидати ќе продолжат во крајната фаза, а тоа е интервју со 10-член комитет од светски познати научници до успешни бизнисмени – нѐ информира Бачева.
Повеќе можете да прочитате ТУКА

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво