Вчера започна Иселеничката ликовна колонија во организација на Агенцијата за иселеништво, во Крушево.
На Ликовната колонија учествуваат иселеници од Р.Словенија, Р.Србија, Р.Романија, Кралството Шведска и Австралија и во текот на престојот од 6 дена треба да насликат 2 слики од кои едната ќе ја отстапат на Агенцијата за иселеништво за добротворни цели.
Директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски ги поздрави присутните, им се заблагодари за учеството и истакна дека оваа возобновена втора по ред Ликовна колонија за нашите ликовни уметници кои творат во иселеништво ќе добие традиционален карактер поради големиот интерес за учество.