67
Од 16-20 јули 2023 година во Охрид, во организација на Агенцијата за иселеништво, 120 играорци од пет македонски културно-уметнички друштва ќе учествуваат на ИСЕЛЕНИЧКИОТ ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ!
Директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски, ги поздрави учесниците и им посака успешни настапи и пријатен престој во татковината.
Во знак на благодарност за соработка и чување на македонската култура во иселеништво, на фолклорните групи им подари благодарници и уметнички дела насликани од наши ликовни уметници од иселеништво кои учестуваа на Ликовната колонија во Крушево.
Денес друштвата остварија посета на Св. Наум, а утре пред настапот во Струга, ќе имаат разглед на Вевчани.
Според програмата друштвата ќе имаат настап во:
Охрид на 17 јули, почеток 20:30ч на бината на плоштадот
и во Струга на 18 јули,почеток 20:30ч. капенци во близина на хотел Дрим.
Играорци од Словенија, Србија, Австрија, Хрватска и Романија ќе се претстават со македонски песни и ора, преку кои ја негуваат македонската традиција во иселеништво.