Home Иселенички СтраниЕвропа Заврши учебната година во Берлин

Заврши учебната година во Берлин

67 views
Милоста кон родниот јазик е наш долг и наше право. Ние сме должни да го милуваме нашиот јазик, зошто е наш, исто како што е наша татковината. Еден народ што го изгубил својот јазик, личи на човек кој го изгубил патот и не знае ни каде оди, ни кој е! – К. П. Мисирков
Денес во 12:00 часот во просториите на Македонската амбасада во Берлин, на дел од учениците им беа доделени потврдите за реализирана дополнителна настава на македонски јазик. Присутните ученици и родители со свое кратко излагање ги поздрави и амбасадорот Васко Грков. Неговата искажана подготвеност за понатамошна соработка уште отсега ветува успешна и плодна нова учебна година. Македонците од Берлин уште еднаш докажаа дека каде и да одат љубовта кон мајчиниот јазик и татковината како нераскинлив дел со себе ги носат.
Драги мои ученици и родители се гледаме во наредната 2023 – 2024 учебна година.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво