Home Вести Средба на директорот Слободан Близнаковски со г-дин ‘Љубе Бошковски, ангажиран соработник од Владата на Република Северна Македонија во делот за странски инвестиции

Средба на директорот Слободан Близнаковски со г-дин ‘Љубе Бошковски, ангажиран соработник од Владата на Република Северна Македонија во делот за странски инвестиции

64 views

Во просториите на Агенцијата за иселеништво на 3 октомври 2023 година,  директорот на Агенцијата, Слободан Близнаковски, оствари работна средба со г-дин Љубе Бошковски, ангажиран соработник од Владата на Република Северна Македонија во делот за странски инвестиции.

На средбата директорот Близнаковски информира за проектните активности и Годишната програма на Агенцијата за иселеништво, во рамки на  надлежностите за помагање на културниот развој на иселениците, правата и положбата, реинтеграцијата и инвестирањето во Република Северна Македонија.

Посебно за овој дел, Агенцијата за иселеништво во улога на сервис центар, ги информира иселениците за правни и економски процедури и тоа: информации за стекнување со македонско државјанство, како до издавање на лични документи, постапки при инвестии, законски олеснувања и улогата на општините во сите процедури на реинтеграцијата и инвестирањето во матичната општина од страна на иселеник.

Сите овие информации Агенцијата ги има систематизирано во печатени прирачници со правен и економски карактер, како водичи, кои ги печати и дистрибуира до иселениците на годишно ниво и истите се објавени на веб страната на Агенцијата, подготвени за бесплатно симнување и печатење.

Со цел информирање на иселениците преку воспоставена системска мрежа со општините, директорот Близнаковски оствари средби со поголем број од градоначалниците на повеќе општини во државата за потенцијалните ресурси и стопански капацитети, како и можностите за инвестирање во секоја општина поединечно.

Г-дин Бошковски ја поздрави заложбата на Агенцијата за иселеништво за информирањето на иселениците за потребните постапки и процедури при процесот на инвестирање и истакна дека соработката со Агенцијата во иднина во тоа поле ќе биде од големо значење при мотивирањето и поддршката на иселениците да инвестираат во својата матична држава, или да пренесат дел од своите бизниси во Република Северна Македонија.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво