Home Иселенички СтраниАвстралија АВСТРАЛИЈКА СО МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО СРУШИ ИСТОРИСКИ РЕКОРД

АВСТРАЛИЈКА СО МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО СРУШИ ИСТОРИСКИ РЕКОРД

65 views

Атлетичарка со македонски корени, која трча за Австралија, викендов оствари историски резултат.

Младата 16-годишна Делта Амиџовски го сруши рекордот на олимписката шампионка Сели Пирсон во Австралија на трката на 100 метри со пречки за натпреварувачки до 18 години.

„Не можам да верувам. Ова е голем благослов. Кога работите напорно, резултатот ќе се исплати. Чувството е неверојатно. Сали беше мојот идол и да се урне нејзин рекорд е нешто неверојатно“, рече за австралиските медиуми Амиџовски.

Амиџовски постигна време од 13.02 секунди и така го урна рекордот на Пирсон од пред дваесет години, кој изнесуваше 13.14 секунди.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво